Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Скопје, 19 октомври 2011

Заменик министерот на република турција во посета на европската очна болница
Во рамките на официјалната посета на Македонија, вчера заменик премиерот на Република Турција, Булент Аринч, ја посети Европската очна болница, една од најголемите приватни турски инвестиции во Македонија. Тој беше пречекан од страна на членовите на раководството, д-р Фарук Семиз, д-р Салих Бозкурт и д-р Хакан Јузер со кои заедно ги посетија болничките соби и пациентите кои се згрижени во болницата. Турскиот вицепремиер на основачите на Eвропската очна болница им честиташе за одличниот здравствен персонал, добрата техника која се однесува на очните болести и техничката опременост која овозможува 24-часовна оперативност. Тој исто така истакна дека болницата има капацитет да им служи на само на Скопје и на Македонија туку и на сите други земји во регионот. “Турските инвестициски зафати и приватниот сектор можат да инвестираат во аеродроми, патишта, мостови и градби, но најдобрата услуга е онаа за човечкиот здравствен фактор. Се разбира најголемото богатство на луѓето е нивното здравје, токму заради тоа има голема потреба од болници. На македонскиот народ му посочувам дека овој персонал и оваа болница ќе им служи во здравствениот сектор и лечењето на очните болести и му посакувам добро здравје и добар вид”, изјави Аринч.

за нас | очни заболувања | превенција и заштита | вести | контакт
2011 Европска Очна Клиника .Сите Права се задржани