Во средината на февруари во земјава ќе биде отворена првата специјализирана болница за офталмологија. Со тоа ќе станат достапни сите операции за кои македонските граѓани досега мораа да патуваат во странство. Тоа го тврди доктор Фарук Семиз кој ќе биде дел од стручни тим. “Имаме квалификувани доктори кои помагаат во решавањето на проблемите кои се почести во Македонија, како витректомна хирургија, ласерски екзајмер, ретина, факохирургија, операција за стрбизам.
Впрочем, кај нас ќе се изведуваат сите операции поврзани со проблеми со очите.
Тоа значи дека граѓаните на Македонија ќе нема потреба да патуваат во странство, туку напротив, сега пациенти од Балканот и Европа ќе доаѓаат и кај нас”, нагласи доктор Фарук Семиз офталмолог. Доктор Семиз најавува дека специјализираната очна болница ќе склучи договор со Фондот за здравство за да ги направи услугите достапни за сите пациенти.