e okul
Novagra

Амблиопија

Mрзливоста на очите е состојба на намалена способност за вид на едното око или на двете очи. Видот е способност која мозокот ja учи од раѓањето. Новороденото бебе од раѓање ги разликува силуетите. На 6 месечна возраст почнува да гледа тродимензионално и во боја. Ако во едното око во споредба со другото постои изразена аномалија во прекршувањето (рефракција, диоптрија), кривење (страбизам), катаракта или други нарушувања који го попречуваат видот тоа око гледа заматено. Доколку не се лекува во периодот после раѓањето или во детството на 3-4 години, оваа состојба останува трајно. Тема за која во општеството често се среќава, многу се зборува но малку се знае. Тешко се забележува, но и кога ќе се забележи вообичаено фазата на лекување е измината. Доколку навремено се дијагностицира, претставува болест која најлесно се лекува.

Лекување

Мрзливоста на окото е загуба на видот која може да се спречи. Користење на соодветни наочари во детска возраст и покривањето на здравото око заради активирање на мрзливото око, ја сочинува основата на лекувањето. Ако детето е на возраст над 3 години лекувањето на мрзливоста на окото може да се продолжи со ортоптичка терапија со настојување за изедначување на видот во двете очи. Во лекувањето на мрзливо око не се применуваат хирушки интервенции.

e okul
Novagra