e okul
Novagra

Болести на солзен систем

  • Затворени лакримални отвори
  • Затворени изводни солзни каналчиња
  • Перзистентна лакримална фистула
  • Стеснување (стеноза) на солзните канали

Здобиени заболувања

  • Canaliculitis – воспаление на изводни солзни каналчиња, најчесто со делумна или тотална опструкција.
  • Dacryocistitis neonatorum – воспалување на солзната ќесичка кај новородени деца како последица на вродена пречка во проодноста на одводните солзни канали, поточно постоење на мембрана (Hasnerova-membrana) која го затвора изводниот солзен канал кој го спојува солзното ќесе со слузницата на носот.
  • Dacryocistitis acuta – акутно воспаление на солзната кесичка и околното ткиво, пропратено со интензивно црвенило, болка, оток и делумно затворање на очниот капак.
  • Dacryocistitis chronica – хронично воспаление на солзното ќесе, најчесто кај постари лица, проследено со повремени епизоди на оток и воспалување на солзното ќесе и прекумерно постојано солзење.

Терапија

  • Конзервативна – антибиотска и антимукозна.
  • Хируршка – сондирање на солзните патишта – тераписко – дијагностичка процедура со транзиторен ефект.
  • Dacryocistorinostomia (DCR) – терапија на избор, создавање на вештачки пат од солзното ќесе кон носната слузница во долниот носен ходник.
e okul
Novagra