e okul
Novagra

Ентропиум

Eнтропиум претставува пореметување во положбата на очниот капак кога очниот капак е завртен навнатре во однос на отворот на капаците.

Форми

  • Спастичен – настанува после прекумерна контракција на орбикуларниот мускул, најчесто после воспалителни процеси на сврзницата (conјunctivitis) и роговицата (keratitis)
  • Сенилен (атоничен) поради губење на тонусот на орбикуларниот мускул и кожата на очниот капак, најчесто кај постари луѓе
  • Цикатриелен – резултат на лузни на сврзницата и капакот

Терапија

Најчесто се лечи основната болест (причина).

Хирушкото лекување е со комплетна реконструкција на очниот капак и враќање во негова првобитна состојба, која дава најчесто задоволителни резултати и одбегнување на комликации.

e okul
Novagra