e okul
Novagra

Дегенерација на макулата

Дегенерација на макулата поврзана со возраста е најчестата причина за тешка неповратна загуба на видот кај луѓето над 60 годишна возраст во развиените земји.

Макулата предтставува центар за јасен вид, една мала област во централната ретина, која ни овозможува централен вид и гледање на блиску. Овој тип на заболување се развива како дел од природниот процес на стареење на организмот. Дегенерација на макулата означува оштетување на делот од окотото, кој е одговорен за централниот вид и фините детали кои ги гледаме.

Форми

Форми на дегенерација на макулата поврзана со возраста.

  • Сува форма (неексудативна)
  • Влажна форма (ексудативна, неоваскуларна)

Сувата форма на заболувањето е почеста, се јавува кај 90% од пациентите со оваа болест. Загубата на централниот вид настапува постепено, за подолго време. Влажната форма, која се сретнува приближно кај 10 % од пациентите и загубата на видот настапува за пократко време. Кај неа има создавање на нови крвни садови под ретината, заради што доаѓа до насобирање на течност и крварење во макулата, при што за кратко време значително се намалува видната острина.

Сувата форма во понапреднат стадиум може да помине во влажна форма.

Симптоми

  • Метаморфопсија – искривување на сликата, предметите и буквите.
  • Микропсија – намалување на големината на предметите.
  • Појава на темни флеки пред очите и невозможност за гледање (пациентите се жалат дека по улица не можат да ги распознаат лицата на луѓето, не можат да читат и обично се вртат настрана за да можат да се фокусираат на нешто што сакаат да го видат).

Дијагностика

Мрежа на Амслер

  • Детално испитување на очното дно на широка зеница (индиректна офталмоскопија).
    Флуоресцинска ангиографија (флуоресцин, индоцијанин ).
    Оптичка кохерентна томографија.

Методи за дијагностицирање:

  • FFA (Fundus Fluorecin Angiography) – на пациентот му се аплицира преку вена контрастна течност – флуоресцин. За неколку секунди преку системот за циркулација бојата доаѓа до крвните садови во ретината и со помош на специјална очна камера (ангиограф) се прават серија од фотографии на ретината. Се утврдува дали има истекување на течност од крвните садови и според добиените резултати се одредува начинот на лекувањето на пациентот. Се врши амбулантски, без прием во болница, на широка зеница, заради што во наредните неколку часа после испитувањето се очекува видот да биде заматен.
  • ICG (Indocyanin Green Angiography) – При оваа метода, венозно се инјектира специјалнaта контрастна течност наречен Indocianin Green. Контрастната материја кој после неколку секунди навлегува во крвните садови на ретината. Оваа метода дава информации за циркулацијата на крвта во вените кои се наоѓаат во долните слоеви на ретината, кои неможе да се видат со FFA преглед и е од мошне голема полза при одредување на начинот на лекувањето на болеста. Се врши амбулантски, без прием во болница, на широка зеница, заради што во наредните неколку часа после испитувањето се очекува видот да биде заматен.
  • OCT (Optical Coherence Tomography) – Оваa неинвазивнa, неконтактна метода е првиот апарат (томограф) со кој може да се види под површината на мрежницата и да се испитаат како слоевите во очниот нерв така и состојбата на нервните слоеви во областа на жолта дамка (макулата). Тоа е значајно за глауком и одредени болести на централниот дел на мрежницата. Во дијагностиката на макуларна болест е од непроценлива корист за откривање и оценување на макуларна дегенерација, дијабетичен цистоиден едем и макуларен едем, макуларна дупка, централна сериозна хориоретинопатија, витреомакуларна тракција и др.

Терапија

  • Aнтиоксиданти и витамини од групата на каротеноидите (Лутеин и Зекасантин).
  • Aпликација на медикаменти во окото – интравитреална апликација на anti-VEGF.
  • Fотодинамска терапија со Visudyne.

Важното е да се знае дека ниту еден од овие методи не може да го излекува потполно заболувањето, туку со нив се добива подобрување на видната острина и се одложува прогресијата на болеста и влошувањето на видот. Шансата за успех, подобрување или одржување на постоечката состојба на видот е во просек 50% и варира од случај до случај во зависност од основната болест, големината на промените во ретината, нивната локализација и времетраењето на болеста. Понекогаш е потребно после некое време измени да се повтори интервенција. Во 50% од случаите, болеста продолжува по својот тек, што може да доведе до натамошна прогресивна загуба на видната острина. Сепак, болестите на макулата за време на нивното напредување никогаш не доведуваат до целосно слепило, ако тие не се зафатени и други делови на ретината.

Неопходни се редовни контроли и прегледи.

e okul
Novagra