e okul
Novagra

Слепило за бои

Нормалното око ги разликува 3-те основни бои и околу 150-180 дополнителни кои се добиваат со мешање на основните бои.

Типови

Има 2 типа слепило на бои- вродено и здобиено. Вроденото слепило на бои се нарекува дисхроматопсија. Се среќава доста често и се пренесува генетски од родителите на децата (почесто кај момчињата).

  • Аномална трихромазија – се разликуваат и трите основни бои – црвена , зелена, сина, но со послаб интензитет.
  • Дихромазија – не се разликува една од основните бои. Пример слепило за црвено – протанопија, слепило за зелено – дејтеранопија, слепило за сино (кое се среќава многу по ретко) – тританопија.
  • Монохромазија или ахромазија – тотално слепило на бои.

Лекување

Здобиеното слепило на бои се среќава кај заболувања на ретината, очниот нерв, нервните патишта и мозочниот центар. Проверка за слепилото на бои се извршува со специјални тестови наречени Ishihara.

Тестовите се состојат од таблици на кои се нацртани кругови исполнети со точки во различна големина, боја, интензитет врз определен фон.
Откривањето и лекувањето на слепилото на бои е од големо значење особено за оние кои работат во транспорт (шофери, пилоти).

Во зависност от степенот на нарушување може да има ограничување при добивање на возачка дозвола. Денес слепилото на бои може да се третира со помош на специјални леќи.

e okul
Novagra