e okul
Novagra

Интраокуларни импланти

Хирургијата на катаракта  е микрохирургија. Офталмологот е единствено компетентен да реши кога катарактата ќе биде оперирана. Веќе не е неопходно да се чака катарактата да „созрее”. Никогаш не сте „премногу возрасни” за операција или за да имате добар вид! За време на операцијата за внатрешно перде (катаракта), по нејзиното отстранување, во окото се вградува интраокуларна леќа.

Типови

Какви типови можат да бидат интраокулрните леќи кои се имплантираат во окото? Најопшто леќите се делат на тврди (полиметилметакрилатни) и меки (акрилни) леќи. Тврдите леќи се имплантираат најчесто при конвенционалниот тип на операција каде оперативниот рез е поголем и мора да бидат поставени конци за затворање на резот. Меките леќи се вградуваат при користење на фако методата (факоемулсификација), каде оперативениот рез е мал 1-3мм и низ него со специјален инјектор се вградува меката леќа.

Постојат неколку вида на леќи. Традиционалните интраокуларни леќи се монофокални – служат за гледање на далеку и не ја отфрлаат потребата за носење наочари за гледање на близу после операцијата. Друг тип се мултифокалните леќи – по операција пациентот може да гледа и далеку и близу без наочари. Најново достигнување во технологијата на интраокуларни леќи е акомодативниот тип, обезбедува добар фокус на различни далечини. Постојат и торични интраокуларни леќи кои можат да корегираат не само сферична диоптрија туку и астигматизам (цилиндрична диоптрија) кој постоел пред операцијата.

По отстранување на природната леќа, окото е лишено од својот природен заштитен филтер против штетната сина светлина од спектарот на дневната светлина, но која се содржи и во светлината од халогени и флуоресцентни ламби. Затоа повеќето интраокуларни леќи имаат вграден UV или жолт филтер. Повеќето модели на леќи се со асферичен дизајн, со кој се отфрлаат аберациите – расејувањето на светлината околу објектот.

Кој тип на леќа е соодветен за Вас, зависи како од состојбата на вашите очи, така и од вашата желба да бидете целосно независни од очила.

e okul
Novagra