e okul
Novagra

Астигматизам

Астигматизам е рефракциска аномалија, при што зраците по прекршувањето во оптичкиот дел од окото, не се собираат во една точка од мрежницата и не се формира јасна слика на гледаните предмети. Најчесто причина за овој оптички недостаток на окото е неправилната закривеност на површината на корнеата.

5% од луѓето имаат астигматизам, најчесто е наследен, но може да се добие и во текот на животот од некоја болест или од повреда на предниот дел на окото. Карактеристично за луѓето со оваа рефракциска аномалија е што предметите од околината ги гледаат нејасно и од близу и од далеку. Работењето од близу – читањето, пишувањето и сл. многу брзо доведува до неодредени главоболки, зголемено солзење, слевање на буквите и редовите и брзо заморување. Далечните предмети се нејасни, искривени, коси и деформирани. Овие пречки го прават човекот што страда од астигматизам делумно или целосно неспособен за извршување многу работи и за занимавање со некои професии.

Симптоми

Најчест симптом на астигматизмот е замаглениот вид. Некои од додатните симптоми на астигматизмот се: замаглен вид при обид за читање на ситни букви, отежнато читање, дупли слики и појава на непостоечки слики.

Останатии можни симптоми на астигматизмот се:

  • Главоболки
  • Вртоглавица
  • Раздразливост
  • Замор

Дијагноза

Астигматизмот лесно се дијагностицира со офталмолошки преглед и рефракциски тестови (авторефрактокератометрија).

Лекување

Во лекувањето на астигматизмот најчесто се препишуваат цилиндрични стакла. Исто така можат да се користат контактни леќи (цилиндрични или торични) или да се изврши оперативна корекција (рефрактивна хирургија).

e okul
Novagra