e okul
Novagra

Кератоконус

Пред било каков преглед на пациентите со инструменти, дијагнозата на кератоконус започнува со проценка на офталмологот или оптометричарот базирана на медицинската историја, главните тешкотии и визуелните нарушувања кои ги наведува пациентот, семејната наследност, или постоење на податоци за рана повреда или заболување на окото.

Во дијагностиката се користат Снеленовите табилци за испитување на острината на видот. Понатаму се испитува искривувањето на рожницата со помош на рачен кератометар, доколу се открие астигматизам во текот на прегледот, треба да се посомнева на присуство на кератоконус.

Сериозните случаи можат да ја надминат мерната способност на апаратот. За понатамошни проценки се користи ретиноскопија, кај која светлосниот сноп се фокусира на ретината, а одразот на светлината се гледа додека лицето кое врши испитување изворот на светлина го навалува напред, назад.

Кератоконус е една од офталмолошките состојби кај кои се покажува одраз на две групи, односно на две линии кои се движат една кон друга и од друга, како ножици. Доколку се сомнева на кератоконус лекарот во понатамошната дијагностика ќе ја прегледа корнеата на биомикроскоп (слит ламба). Во напредните фази може јасно да се види и помага кератоконусот недвосмислено да се дијагностицира без доплонителни тестови. Со прецизен преглед на епителот на окото, самата основа на конусот завзема половина од кератоконичното око, видлив е жолтосмеѓ до зеленкаст прстен познат како Fleicherov прстен. Тој е производ на акумулација на железен оксид hemosiderin, во внатрешноста на епителот на рожницата и најдобро се гледа кобалтноплав филтер. Слично кај 50% од пациентите може да се видат паралелни линии кои се нарекуваат Воготови линии. Овие линии можат привремено да исчезнат при притискање на очната јаболчница. Силно изразениот конус може да доведе до вовлекување на долниот капак во облик на буквата V додека пациенот гледа надоле. Овој феномен е познат како Мансонов знак.

Рачниот кератоскоп (Диск на Плацидо) овозможува неинвазивна метода на визуелизација на површината на рожницата, проектирајки серија на концентрични кругови на рожницата. Дефинитивната дијагноза се постигува со корнеална топографија кај кога компјутеризиран уред проектира графички примерок на рожницата, односно со анализа на дигитална слика ја обележува површината на рожницата. Топографската мапа прикажува било какво нарушување во обликот на рожницата, особено кератоконично зголемување на степенот на искривување. Се снима степенот и големината на деформацијата која што служи како референтна точка за непредокот на болеста.

Лекување

Во раните фази на лекување на кератоконусот, очилата или меките леќи, можат да бидат доволни за корекција на благиот астигматизам. Но тие не се доволни за корекција на видот и најчесто во овие случаи на пациентите им се препишуваат тврди леќи. Овие леќи овозможуваат добра корекција на видот, но не го запираат понатамошното напредување на болеста. Кај пациентите со кератоконус тврдите леќи го подобруваат видот со тоа што солзната течност го исполнува тесниот простор меѓу нерамните површини на рожницата и мазната внатрешна површина на леќата, што доведува до “ефект на измазнети леќи”.

Во напредните фази на кератоконусот лекувањето се врши со хируршка интервенција, радијална кератотомија со која се апланира корнеата и се намалува нејзината испакнатост, во понапредани случаи кај кои имаме колемо истенчување на сегемнтот кој е најиспакнат се применува CrossLink- методата за се добие здравина на корнеата, и кај најкомлицираните случаи најчесто се стигнува до кератопластика – трансплатација на корнеа.

Од 10 до 25% од пациенитите со дијагностициран кератоконус напредуваат во стадиумот во кој корекцијата на видот веќе не е можна, и каде истенчувањето и оживувањето на рожницата стануваат премногу големи, во тој случај трансплатацијата на рожницата или пенетрациската кератопластика се неопходни.

e okul
Novagra