e okul
Novagra

Ласерска корекција

Хируршка корекција на миопија, хиперметропија и астигматизам вклучува ласерска хирургија со Еxcimer ласер или операција со вградување на леќа (имплантација на интраокуларни леќи).

Која е оптимална интервенција за пациентот може да се каже само по прегледот, затоа што не секое око и не секоја диоптријата е погодна за секоја од рефрактивните операции. Рефрактивната хирургија не се работи пред завршување на раст и развој на организмот, а со тоа и окото (најрано со 18 години).

Типови

Корекцијата со Excimer ласер има неколку варијанти.

Во Европската очна болница се работат методите LASIK (LASIK = Laser-assisted in situ keratomileusis) и PRK (PRK – photorefractive keratectomy). Ласерската процедура трае кратко, помалку од 30 секунди, во зависност од рефракциската грешка, но целата интервенција трае околу 15 минути за двете очи. Анестезија е во форма на капки, и нема болка. LASIK се состои од комбинација на микрохируршки процедури со засекување и подигнување на површинскиот слој на корнеата (flep) со микрокератом и примена на Excimer ласер во подлабоките делови, а потоа повторно враќање на flep-от. Најголема предност е брзото постигнување на видна острина, корекција на висока миопија до -10, хиперметропија до 5 диоптри и астигматизам до 4 диоптри. Пациентите користат капки 10-15 дена и се способни за работа по три дена.

PRK значи ерозија на корнеата со помош на ласер и се применува во мала и средна миопија и астигматизам, а особено кај потенки корнеи. Пациентот по интервенцијата добива терапевтска мека контактна леќа, која останува на корнеа до нејзиното зараснување, околу 5 дена. Понатамошниот третман се состои во ставање на капки. Единствена непријатност на PRK е појавата на минлива непријатност особено вториот и третиот дена по интервенција. Веднаш по интервенцијата пациентот гледа подобро, но матно. Видната острина се постигнува постепено, добра е по две недели, а стабилна по 1-2 месеци. Важен предуслов за добар резултат на корекцијата е стабилна “диоптрија” најмалку една година.
Кај пациенти со миопија кои не се добри кандидати за ласерска операција се вградува интраокуларна леќа, така што природната леќа останува во око (факични интраокуларни леќи), кај пациенти помлади од 40 години. Алтернатива на овој тип на операција е операција со која се отстранува природната леќа како и кај хирургијата на катаракта, со што се губи способноста за акомодација на окото. Тоа се прави кај пациенти кои се далекувиди како и кај презбиопија (старечка далекувидост), каде што вградувањето на мултифокални интраокуларни леќи обезбедува фокус за различни растојанија.

e okul
Novagra