e okul
Novagra

Синдром на суво око

Сувото око е често присутен очен проблем предизвикан од нарушување на солзната секрецијa. Солзите ги штитат очите со тоа што ги навлажнуваат, содржат во себе состојки кои го штитат окото од надворешното влијание, и прават солзен филм кој ја подобрува бистрината на видот.

Што се суви очи?

Кога има недостаток на солзна секреција или недоволнен квалитет на солзи во однос на нивниот состав, пациентите чувствуваат нелагодност во очите- боцкање, потреба да ги протриваат очите, чувство дека имаат „нешто“ во око, црвенило на очите. Сите овие симптоми го водат пациентот кон очниот лекар. Ако не се превземат мерки и соодветна терапија може да дојде до усложнување и постои висок ризик да се појават ерозии (ранички) и инфекции на корнеата.

Што е солзен филм?

Нашите очи лачат големо количество на солзи во емоционални состојби, или од надворешна дразба (рефлексно) ветер, сонце, студ… или кога има некое заболување на окото. Во нормална состојба, се произведува помало количество на солзи кои образуваат солзен филм, кој со секое трепкање рамномерно се распоредува по површината на корнеата и окото е сјајно и чисто. Без овој солзен филм добриот вид е невозможен.

Солзниот Филм се состои от три слоја:

  • Маслен слој – ја израмнува солзната површина и го намалува испарувањето на солзите.
  • Воден слој – кој ги измива сите туѓи честички.
  • Мукозен слој – нај внатрешниот слој, кој се состои од слуз кој е неопходен за да се зачува окото влажно.

Симптоми

Пациенти со овој проблем често се жалат на чувство дека имаат „песок“ во очите, сувост и дразнење. Други симптоми се топлина, зацрвенување, густа секреција и светлината им пречи. Кај пациентите кои користат контактни леќи сите овие симптоми се уште повеќе изразени, особено и замаглениот и нејасен вид . Колку и да е чудно и полнењето на очите со солзи и обилно течење на солзи исто така може да е симптом на суво око! Постојаното дразнење на очите од неквалитетни солзи предизвикува рефлекторно производство на големо количество солзи. Но овие солзи воглавно се состојат од вода, им недостигаат специфичните состојки, кои го спречуваат испарувањето на солзите и затоа не можат доволно да го влажнат окото.

Што е причината за синдромот на сувото око?

Нормално солзната секреција се намалува со возраста. И покрај тоа што овој синдром може да ги засегне и мажите и жените на било која возраст, жените се повеќе засегнати и тоа повеќе на возраст после 50 год., кога настапуваат и хормонални промени. Причина може да се и медикаменти кои ја намалуваат солзната секреција или пак содржат одредени видови на конзерванси во својот состав. Синдромот на сувото око се јавува и како дел од едно системско автоимуно заболување (Синдром на Сјогрен), каде имаме сувост на сите лигавици (во устата, во грлото), кај одредени реуматски заболувања, кај дијабетичари и други.

Дијагноза

Како се дијагностицираат сувите очи ?

Често обичен преглед е доволен. Неопходни се тестови со кои се мери количеството и квалитетот на солзната секреција Ширмер тест – со кој се одредува квантитетот на солзната секреција Време на раскинување на солзен филм – со кој се одредува квалитетот на солзите.

Лекување

Замената на недоволните природни солзи со вештачки е најчесто применуваната терапија. Вештачките солзи се лубриканти кои по состав се блиски до природните солзи. Можат да се користат толку често колку е неопходно (1-2 пати на дневно до неколку пати на час) особено вештачките солзи кои не содржат конзерванс.

Нормално солзите се истекуваат низ солзните точки и каналчиња на долниот и горниот капак во солзното ќесе, а од таму во носот и грлото. Друг начин на лекување е солзните каналчиња на капаците да се затворат со специјални силиконски тапи, на одредено време или постојано. Тоа овозможува очите да се постојано влажни за подолг временски период.

e okul
Novagra