e okul
Novagra

Страбизам

Страбизам е состојба при која очите меѓусебно не се правилно насочени и немаат синхронизирана подвижност.
Тоа обично вклучува недостаток на координација меѓу очните мускули, што онеовозможува насочување на погледот на двете очи во една иста точка, а со тоа и правилен вид. За појава на страбизам има повеќе причини. Ризични фактори за појава на страбизам меѓу другото се: како поминала бременоста, дали имало проблеми при породувањето, развојот на бебето, прележаните болести и др. Генетските предиспозиции исто така може да бидат причина за страбизам. Доколку во семејството има членови со страбизам, големи се можностите на појава на страбизам и кај другите членови. Една од главните причини за страбизам е намалениот вид (поради далекувидост или кратковидост , мрзливо око – амблиопија, вродена катаракта, или и други состојби на окото).

Симптоми

Губење на паралелната поставеност на очите, солзење и болки на очите, главоболки, двојно гледање, губење на тродимензионалниот вид, заматено гледање, свртеност на главата или лицето на една страна. Некои типови на страбизам што се јавуваат кај бебињата и во детскиот период се лажни. Лажното кривење е оптичка илузија која се појавува поради ширината на носот и очните капаци. За целосно дефинирање на оваа состојба задолжителен е очен преглед.

Постојат повеќе типови на страбизам кои се именуваат според правецот на кривење на окото:

  • Страбизам кон внатре (Езотропија)
  • Страбизам кон надвор (Егзотропија)
  • Страбизам кон горе (Хипертропија)
  • Страбизам кон долу (Хипотропија)

Постојат и некои посебни видови на страбизам како што е страбизам во поодминати години, кој настанува поради појава на разни причини во нервите кои ги контролираат движењата на очите (траума, дијабетес, кардиоваскуларни заболувања, хипертензија, разни инфекции, тумори и др).

Типови

Постојат повеќе типови на страбизам кои се именуваат според правецот на кривење на окото : страбизам кон внатре (Езотропија), страбизам кон надвор (Егзотропија), страбизам кон горе (Хипертропија) и страбизам кон долу (Хипотропија). Постојат и некои посебни видови на страбизам како што е страбизам во поодминати години, кој настанува поради појава на разни причини во нервите кои ги контролираат движењата на очите (траума, дијабетес, кардиоваскуларни заболувања, хипертензија, разни инфекции, тумори и др).

Лекување

Страбизмот поврзан со рефрактивни проблеми (далекувидост, кратковидост астигматизам) се лечи на повеќе начини:

  • Очила – Некои типови на страбизам настануваат поради аномалија во прекршувањето. Со користење на очила страбизмот го снемува. Кај овој тип доволно е користењето на очила.
  • Оклузија (затварање) – Оваа метода во лекувањето може да се користи и при мрзливост на окото.
  • Ортоптика – се применува и за подобрување на видот со двете очи и за стекнување на чувство за длабочина (бинокуларен и стереоскопски вид). Овие две функции овозможуваат паралелно држење на очите и се многу битни во нашето секојдневие. Тие ни овозможуваат да бидеме по успешни при возење кола, играње кошарка, тенис и други спортови кои бараат временска синхронизација.
  • Операција – Кај страбизмот од раѓање по правило нема потреба од очила и потребна е операција во рана фаза (од 6 месеци до 1 година). Поголемиот дел од кривењата се јавуваат помеѓу 2-3 годишна возраст и вообичаено се корегира со користење на очила, но кај страбизмот кој не се корегира и покрај користење на очила потребна е хирушка интервенција.
  • Ботокс – кај некои типови на страбизам може да се применува ботулинум токсин (BOTOX). Оваа метода доста ефикасна кај страбизмот предизвикан од засегање на нерв кој го инервира соодветниот мускул (паралитичен), кај пациенти кои се оперирани но не е постигнат очекуваниот резултат, Кај паралитичниот страбизам, по правило се јавува и двојно гледање (диплопија) и претставува доста тешка состојба за болниот. Кај овој тип на страбизам се претпочита еден период на чекање од 6 до 8 месеци, но во овој период на чекање може да се примени BOTOX методата со цел намалување на двојното гледање.
  • Хируршки третман на страбизам – Операциите за страбизам кај деца се вршат под генерализирана (општа) анестезија, кај возрасни е можна и локална анестезија. Основниот принцип на операција е намалување или зголемување на силата на мускулите кои ги движат очните булбуси.

Со раното дијагностицирање и лекување на страбизмот може да се спречи појавата на мрзливост на окото и да се овозможи тродимензионален вид. Поради ова при појавувањето на сомнеж дека има страбизам, детето веднаш треба да се однесе на офталмолошки преглед, да се процени состојбата и ако е потребно што порано да се направи операција, бидејќи нема потреба да се чека детето да достигне одредена возраст.

e okul
Novagra