e okul
Novagra

Боровинки за вашите очи

borovinki_slide

Фаворит за вашите очи се боровинките

Во исхраната зголемете го внесот на антиоксиданси, витамини А, Ц и Е.  Можете да ги најдете во морковот, спанаќот, рибата, јајцата, кикириките, оризот и др. состојки, кои треба да бидат составен дел од вашето дневно мени. Ниту еден од овие витамини не смее да недостасува, а се смета дека боровинката, свежа или сува, најмногу придонесува за здравјето на вашите очи.

Еден од најважните фактори што може да ви помогнат да го зачувате добриот вид е исхраната. Здравјето на очите во голема мера зависи од внесувањето на витамините, минералите и на другите хранливи материи, присутни во намирници што лесно се набавуваат, уште полесно се подготвуваат, а резултатите се повеќе од „видливи“.

Вашите очи често не изгледаат како што вие сакате. Знаат да бидат уморни, црвени или осетливи. Тие проблеми обично одат со годините и се последица на т.н. макуларна дегенерација на очите. Се случува да се појават жолти трагови во средиштето на мрежницата, а макуларната дегенерација ја карактеризира истрошеност на делот на окото кој е одговорен за острина на видот и е една од најчестите причини за слепило кај постарите.

Кај помладите се почесто се јавуваат катаракта и глауком, како и оштетувања што настануваат поради недоволна заштита на очите од се поголемото УВ-зрачење во летниот период.

Еве кои елементи може да ги спречат или во најмала рака да го забавт развојот на болестите, а нам ни се секојдневно достапни:

Витаминот А игра важна улога во одржувањето на добриот вид, особено во текот на ноќта. Тој е заслужен за здравјето на мрежницата и помага во одржувањето на интегритетот на кожата и слузокожата на мембраната, кои функционираат како бариера за заштита од бактерии и вируси. Извор на овој витамин е бета-каротинот, кој се наоѓа во зеленчукот, но важно е да знаеме дека на организмот му е потребна маснотија и доволно ниво на цинк и железо, кои бета-каротинот го претвораат во витамин А и организмот може да ги користи.

Витаминот Ц е познат антиоксиданс, кој се бори против слободните радикали и како и во целиот организам,  во очите го одржува обликот на рожницата, ги појачува капиларите и го спречува развојот на катарактата. Со внесување свежо овошје и зеленчук се намалува ризикот од повеќето очни заболувања.

Комплексот на Б-витамини е неопходно да се внесува во организмот затоа што ќелиите на ретиналните рецептори сите пораки од мозокот ги испраќаат преку нервите. За добро функционирање на нервниот систем се задолжени овие витамини (особено Б6, Б12 и фолната киселина), како и магнезиумот, кој е одговорен за одржување на протокот на крв до очите и мозокот.

Омега 3-масни киселини имаат многу важна улога за одржување на видот,  особено за спречување на макуларната дегенерација на очите. За одржување на мрежницата најважна е DHA (докосахексаеноичната киселина). Таа се препорачува и кога очите се суви, а најмногу ја има во алгите и рибите од ладните мориња.

Каротеноидите, во кои спаѓаат лутеинот и зеаксантинот, го заштитуваат средишниот дел на мрежницата од сината и ултравиолетовата светлина, го намалуваат непријатното чувство и болка во очите која настанува поради јаката светлина, силните контрасти, а го подобруваат и визуелниот домет на окото. Нив ги има во листестиот зеленчук.

Направивме список со намирници неопходни за здравјето на вашите очи. Многу е важно да ги вклучите во секојдневната исхрана и на тој начин ќе го подобрите вашиот вид и ќе спречите различни очни болести.

 

 

e okul
Novagra