e okul
Novagra

Совети за здрава исхрана

Грижата за очите е комплексна, а еден дел од таа сложувалка е правилната исхрана. Храната може да ви помогне да ги заштитите очите од различните болести и да го зачувате видот. Еве која е најдобрата храна за вашите очи:

Моркови

Морковите се најпопуларната храна за здрави очи. Тие изобилуваат со витамин А кој е неопходен за здравјето на ретината. Крцкавите моркови во себе содржат антиоксиданси, бета-каротен, ликопен и лутеин и поради тоа го намалуваат ризикот од макуларна дегенерација и катаракта (перде).

Лосос и сардини

Треба да се јаде почесто риба за да се зачува добриот вид. Рибата е особено добра за очите бидејќи има богат извор на омега-3 масни киселини. Редовната консумација на омега-3 масните киселини ги заштитува малите крвни садови кои се наоѓаат во очите. Најдобро е да се консумира риба (лосос, харинга или сардина) барем 2 пати неделно.

Брокули

Тие се богат извор на антиоксиданси и витамини и со нив на најлесен начин се внесуваат толку многу хранливи материи со еден залак. Со консумирањето на брокули едновремено се внесуваат: витамин А, витамин Е и витамин Ц кои заедно се борат за зачувување на добриот вид.

Спанаќ

Ова растение содржи каротеноиди како бета-каротен, лутеин и зеаксантин, витамин Ц и витамин Е. Спанаќот неспорно помага во заштитата од макуларна дегенерација и ноќно слепило.

Јајца

Витаминот А кој го има во јајцата го подобрува здравјето на ретината на окото. Освен тоа, јајцата содржат витамини од групата Б, есенцијални масни киселини и цинк. Затоа јајцата треба често да бидат во менито за појадок. Така се подобрува видот и се зачувува линијата.Јагоди, боровинки, малинки – Овие слатки мали овошја се неверојатен извор на антиоксиданси за кои истражувањата покажале дека го намалуваат ризикот од појава на очни болести. Тие содржат многу витамин Ц и со тоа формираат идеална комбинација за одржување на здравјето на очите.

Бадеми, лешници, сончогледово семе

Овие растенија се богати со витамин Е, кој помага при запирање во развој на катаракта и возрасна дегенерација на макулата.

Магдонос

Магдоносот е одличен природен тоник за чистење на очите. Во оваа билка има големи количини на лутеолин, кој им помага на очите во заштитата од штетното УВ зрачење. Друга храна којашто е полезна за вашите очи:

  • Тиква
  • Домати
  • Зелка
  • Лук
  • Млеко
  • Авокадо
  • Папаја
  • Кајсии
  • Лимони
  • Портокали
  • Темно чоколадо
  • Остриги
  • Зелен чај
  • Зелени јаболка
  • Кељ
e okul
Novagra