e okul
Novagra

Вежби за опуштање на очите

Вежба 1

Удобно сместете се. Покријте ги очите со дланките, но не ги притискајте очните јаболка. Пробајте да се опуштите и гледајте во дланките 30-тина секунди. Притоа дишете тивко и длабоко.

Вежба 2

Седејќи во иста позиција насочете го погледот кон горе и задржете го 5 секунди, потоа опуштете го и вратете го во првобитната позиција. Потоа погледајте надолу 5 секунди и повторно вратете го погледот во почетната позиција. Повторете го ова 5 пати.

Вежба 3

Насочете го погледот лево и задржете го 5 секунди, па потоа вратете го во првобитната позиција. Потоа погледот насочете го на десно и по 5 секунди вратете го во почетната позиција. Повторете го ова 5 пати.

Вежба 4

Затворете ги очите најцврсто што можете и задржете ги затворени 5 секунди, потоа отворете ги очите најшироко што можете и задржете ги така 5 секунди. Повторете го ова 5 пати.

Вежба 5

Ротирајте ги очите 5 круга на лево, потоа опуштете ги. Истото повторете го и на десната страна, па повторно опуштете го погледот.

Вежба 6

Насочете го погледот кон врвот на носот. Задржете го погледот 3 секунди и вратете го во првобитна позиција. Повторете го ова 5 пати.

Вежба 7

Пронајдете некој објект кој вам ви е блиску и фокусирајте го погледот кон тој објект 2 секунди, а потоа нагло пренасочете го фокусот на погледот кон некој друг објект на 2 секунди. Вежбата повторете ја 10 пати.

Вежба 8

Од повеќе позиции каде што седите “скенирајте” ги со погледот објектите кои ве опкружуваат, на пример, столчето, сликата, часовникот, вратата…

Меѓу овие вежби земете малку време за одмор на очите. Исто така за видот добро е повремено своето лице да го миете со ладна вода. Повремената масажа на очните капаци и подрачјето околу очите исто така допринесува за подобар вид. Земете доволна количина на витаминот А кој е неопходен за здрави очи. И на крај, настојувајте доволно да спиете.

e okul
Novagra