e okul
Novagra

Katarakta

Катаракта се нарекува поматнувањето на природната леќа на човекот. Леќата е расположена зад зеницата и нејзината функција е сврзана со фокусирањето на различни далечини и добивање на јасна слика .Поматнувањето на леќата води до разсејување на светлината , замаглување на видот и постепено намалување на видот.

Што се причините што доведуваат до катаракта ?

Катарактата во најчест случај е промена на структурата на леќата од возрастта .Со текот на времето стареат структурите на леќата се променуваат,се променува составот на истата и таа ја губи прозрачността. Во овој случај видот намалува постепенно во времето. Ова е најчестит вид на катаракта – сврзан со возрастта. Осевн возрастта како фактор за појавата на катаракта, таа може да биде и вродена( конгенитална ) , како и да се појави врз основа на удар (травматична) , пост воспаление на окото (компликата ) или поради присуство на друго основно заболување ( патолошка).

Симптоми

Како се манифестира катарактата?

Како симптоми на катаракта може да се појават: двојно гледање, замаглен вид , тешко или бледо распознавање на боите (посебно сина боја), потешкотии со видот во вечерните часови или ноќно слепило, ореол или отсјај околу светлите предмети, честа промена на контактни леќи или број на очила, губење на чувство за длабочина, умор на очите и главоболки.

Типови

Типот на катаракта се определува според делот на леќата кој што е замаглен и според времето кога дошло до замаглување.

Постојат неколку типови на катаракта:

  • Нуклеарна катаракта: заматување на нуклеусот (јадрото на леќата).
  • Кортикална катаракта: Заматување на периферните оддели на леќата.
  • Кортиконуклеарен катаракт: коминирано од предходните два вида.
  • Катаракта на задна капсула: Заматување на делот во близина на задната капсула на леќата.
  • Матурна катаракта: Целосно заматување на леќата.
  • Нигра катаракта: Најостра форма на развиена катаракта.

Лекување

Единственото лекување на катарактата е оперативно.

Катарактата не се лекува со лекови, единствена метода е хирушка интервенција. Катаракта не може да се излечи со медицински лекови, очни капки, вежби или со користење на очила. Единствена метода е да се отстрани потемнетата леќа и да се замени со имплант (интраокуларна леќа) која ке ја врши нејзината функција и која останува засекогаш во окото. Операција на катаракта во Европската Очна Болница е хирушка интервенција со висок степен на успешност.

Во нашата болница операциите на катаракта се изведуваат со ФАКО техника (Факоемулцификација). Ова е најновата метода која е развиена во светот. При примена на оваа метода нема потреба од чекање за созревање на катарактата и пациентот не мора долго време да живее со ослабен вид.

Периодот на закрепнување е мошне краток. Кај методите со широк рез закрепнувањето може да потрае. Малиот рез кој се прави со примена на Фако методата ја забрзува рехабилитацијата на видот.

e okul
Novagra