e okul
Novagra

Мулти Диоде ласер

Денес се употребуваат многубројни нови техники во отварањето на затнатите солзни канали. Во Америка и во некои европски држави, со употребата на новата генерација наречена Мулти Диоде Ласер, затнатите солзни канали се отвараат без крварење, без траги и само со примена на локална анестезија.

Кои се предностите на ДСР – Мулти Диоде Ласер операциите во споредба со другите оперативни зафати на солзните канали?

  • Најголемата предност на Мултидиоде операцијата во споредба со другите методи е тоа што операцијата се реализира во многу кус временски период од 8 до 10 минути.
  • За Мулти Диоде Ласерот не е потребна општа анестезија.
  • Крварење при операција со Мулти Диоде Ласер скоро и нема.
  • Поради карактеристиките на Мулти Диоде Ласер, оштетувања на ткивото при операција скоро и не постои.
  • Процесот на опоравување е краток. Болниот може да ја напушти болницата веднаш после оперирањето. Ден после операција со Мулти Диоде Ласер, пациентот може да се врати во нормалниот социјален живот.
  • Други предности на оваа метода: не се прави засек на кожата и не се оштетуваат мускулите околу солзните кеси.
  • На пациентите кои порано се оперирани од солзните канали, вршењето на втората операција со Мулти Диоде Ласер, им овозможува поголем успех во споредба со другите методи.
  • Во третманот со Мулти Диоде Ласер сите постапки се следат со ендоскопија преку внатрешноста на носот. Ако има потреба може да се интервенира и преку носот.
e okul
Novagra