e okul
Novagra

Витректомија

Витректомија или отстранување на желатинозната материја помеѓу леќите и ретината е софистицирана очна операција во која со помош на посебна опрема – витректом се отстрануваат замаглувањата во стаклестото тело. Замаглувањата (насобрана згрутчена крв, врзивно ткиво, инфламаторни наслаги) обично се отстрануваат заедно со стаклестото тело. Замагленото стаклесто тело вообичаено се заменува со додавање на проѕирно силиконско масло. Операцијата се извршува кај напредната пролиферативна дијабетична ретинопатија, кај присуство на крв и други непроѕирни аномалии на стакленото тело, кај страните тела, како и кај постоење на витреалните врвци помеѓу стаклестото тело и мрежницата.

e okul
Novagra