e okul
Novagra

YAG

YAG ласерска очна операција е корективна интервенција која се изведува за отстранување на попречувања кои можат да предизвикаат проблеми со видот. Користи невидлива инфрацрвена светлина за да направи мали засекувања на мембраните во внатрешноста на окото.

Оваа операција е често неопходна по операција на катаракта и се смета за вообичаена.

Операцијата започнува со апликација на капки за проширување на зеницата, а потоа се врши мало засекување на заматената очна капсула за ублажување пост-хируршкиот замаглен вид. YAG методата е безболна амбулантна интервенција, без хоспитализирање на пациентот, и се врши за само неколку минути. Постоперативно не се чувствува нелагодност. Некои пациенти забележуваат моментално подобрување на видот, додека кај други можно е подобрувањето на видот да се случи денови потоа.

e okul
Novagra